ПЛАНИНАРЕЊЕ на Водно, со проф. Раде Илиевски
Зборно место ООУ ‘Кочо Рацин“, Скопје, 8.30 часот
Планинарењето релаксира, го зајакнуваат организамот, ја подигнува самодовербата и овозможува нови познанства и искуства… Освен вообичаената облека задолжително е да набавите водоотпорна јакна со капа. За разлика од облеката чевлите се најбитни во планински услови,и при избирањето дозволете си да бидат што по солидни. Секако во ваква опрема спаѓа и не премал но не и преголем ранец,од водоотпорен материјал и по можност анатомски обликуван. . Првенствено во ранецот мора да има кутија со прва помош, нож, батеријска ламба, планинарска карта, лични документи, исклучен но наполнет мобилен телефон.
- Прилагоди ги своите цели и активности на моменталната кондиција. Секое претерување е опасно.
- Исхраната базирај ја на комплексни јагленохидрати.
- Пиј често, но не алкохол за време на тура. Алкохолот ја намалува силата и будноста, па затоа мора да се избегнува за време на тури и качување.
- Првиот половина час оди полека за телото да се загрее.
- Одмор, јадење и течности по можност да се конзумира секој половина час. Треба да се јаде малку и да се пие многу дури и кога не сте гладни и жедни (тогаш е поважно тоа).
- Ако се појават знаци на замор и исцрпеност, одмори се подолго или разгледај ја можноста за откажување од турата. За време на одморот не јади само гликоза, туку и сложени, комплексни јагленохидрати. Доколку имаш знаци на сериозна исцрпеност, можно е да се работи за премрзнатост- хипотермија или за тешка исцрпеност- акутна планинска болест.
- Децата и старите лица како и лицата кои што боледуваат од хронични болести можат да планинарат но со максимално внимание. Ако постои сомнеж консултирајте лекар.
- Дури и во најмалиот ранец има доволно простор за основна опрема. Никогаш не заборавај наочари за сонце, ракавици, капа, бивак вреќа, резервна облека, свеќи и кибрит, светилка и прва помош.
- Барај совет од искусни локални познавачи на патеката, информирај се за климатските и временските промени пред почетокот на турата.
Повеќето луѓе пешачењето (планинарењето) го сметаат дека тоа е само да се оди на планина, и дека целта е “освојување” на уште еден врв. Сепак, секој сериозен љубител на природата знае дека планинарењето всушност е еден начин на животен стил. Покрај шетањето во природа, со планинарење се развивате во силна и стабилна личност, која се полни со храброст, ментална и физичка сила, издржливост, флексибилност, одговорност кон себе, општеството и природата, како и со квалитетен и здрав живот.
Луѓето можат да имаат различни мотиви за планинарење, некои од нив се дружење, здрав начин на живот, подобрување на здравјето, предизвик, истражување, фотографии, но сите заедничко им е љубовта кон природата.
Низ дружење со природата ќе ги научиме нашите деца повеќе да ја почитуваат и заштитуваат од уништување. Хиперактивните ги смирува, а оние посрамежливите природата ги балансира и им дава повеќе самодоверба. Планинарството бара дисциплина, како на телото така и на умот. Времето поминато во природата е добро за нашето здравје, но за жал се помалку време минуваме во природа, а се повеќе седиме во некој виртуелен дигитален свет. Престојот во природа не е само за чист воздух, во природа најдобро не се учи само за животот во природата, но и за животот воопшто.
Планинарењето со деца е еден од најдобрите начини уште од најмлада возраст да ги поврзете со природата. Тоа за нив ќе биде голем животен предизвик, исто како и за вас. За почеток, изберете патека која не е премногу долга ниту стрмна, не заборавајте дека за децата ова е искуство, не натпревар за издржливост.
Научете ги да не оставаат ѓубре зад себе, погрижете се целиот смет да биде собран на едно место и понесете го со вас во автомобилот. Така ќе им покажете дека се грижите за животната средина. Не оставајте траги на човечка присутност во природата.
Најдобар и најефикасен начин, децата да ги научите да одат на планина е личниот пример. Тоа значи дека детето го водиме на планина веднаш штом ќе прооди. Ќе се изненадите колку децата, веќе на две години, се способни да направат прошетка на најблиската планина, која може да трае половина час.
Патот ќе биде уште позабавен, доколку во планинарењето се здружите со пријатели со деца на приближна возраст.Анимирањето при одењето на планина за децата е од суштинско значење и кога еднаш ќе го направите тоа, на добар пат сте сите со задоволство да го завршат искачувањето.
Уште една важна работа: децата да ги научиме сами да го носат својот ранец. Кога се помали, мал ранец, во којшто, покрај вода и закуска, може да ја сместат и својата омилена играчка
Related