fbpx

Прва информациона средба за кандидат-студенти

Академија за иновативно образование „Здравеј“- Скопје ги поканува сите идни кандидат-студенти кои се заинтересирани да го продолжат нивното високо образование во Бугарија на информациона средба, органзирана од Министерство на образованието и науката на Р.Бугарија и Амбасадата на Р.Бугарија во Р.С.Македонија во Скопје.

Ќе биде одржана презентација на можностите за стипендии во бугарските високообразовни институции за академската 2026-2027 година, во согласност со Советот на министри бр. 103/1993 за спроведување образовни активности меѓу Бугарите во странство и Советот на министри бр. 228/1997 за прием на граѓани на Република Северна Македонија како студенти во државните високообразовни институции на Република Бугарија. Потоа заинтересираните ученици и родители можат да добијат дополнителни информации за конкретни универзитети.

Скопје – Бугарски културно-информативен центар, 6 март во 12:00 часот
Битола – Хотел Милениум, 7 март во 11:00 часот
Струмица – Хотел Есперанто, 8 март во 11:00 часот