Минатата сабота беше вистински празник за сите учесници во овогодинешната Творилница.
Второто издание на проектот за детски креативни работилници „Творилница“ поврза над 230 ученици од основните и средните училишта низ цела Македонија и нивните наставници.
Културениот центар „Јадро“ ги отвори своите врати за многубројните учесници, пријатели и гости. И покрај дождот, сите со нетрпение очекуваа да ги покажат своите нови вештини и финалните авторски проекти. Г-ѓа Илијана Атанасова, како автор и носител на проектот „Творилница“ и г-дин Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република С.Македонија им честитаа на децата и нивните ментори за прекрасната работа и заедничките успеси.
ости на презентацијата на работилниците беа и г-дин Петар Петров, прв секретар во Амбасадата на Република Бугарија и г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот Ангелов со нивната ќерка Амели, како и гости од дипломатскиот кор, наставници од скопските основни и средни училишта, многу пријатели и поддржувачи на „Творилница“ .
Проектот „Творилница“ е дизајниран со цел да развива нови креативни вештини кај децата од 7 до 18 годинишна возраст. Со помош на менторите од различните области на уметноста, учесниците веќе втора година по ред можат да го прошират наученото за време на јреативните работилниците во „Творилница“ 1 и да откријат нови интереси и таленти во своето креативно творење во областа на музиката, литературата, ликовната и драмската уметност.
Како и минатата година, така и оваа Литературно-новинарскиот клуб го работеше под менторство и организација на Ксенија Маказлиева Трајчева – писателка и уредничка на списанија и изданија за деца. Учесниците напорно работеа за да направат свои книги и списанија во кои објавија свои песни, раскази,приказни, интерактивни предизвици, крстозбори и многу други интересни прилози.
Сценариото за целиот настан го подготви екипа од литературно-новинарскиот клуб, а водители беа Константинос Соломос, Михаела Павловски, Зорица Чилиманова и Сара Ѓорѓиноска, под менторство и во тандем со Ксенија Маказлиева Трајчева.
Екосписанието „Десеттата планета“ оод ООУ „Димитар Миладинов“ беше претставено од неговите автори, како во форма на рачно изработена верзија, така и во дигитален формат, со посебен прилог – екострип „Супер-Планетко“ , во кој беше претставена неговата екомисија, а беше дел и од видео презентацијата.
Членовите на музичкиот клуб и нивната менторка Стефана Марковиќ не изненадија оваа година со првата авторска песен на Творилница. Со мини концерт – перформанс се претставија и нашиот АББА бенд, како и Мина Димоска со соло настап.
Потоа учениците од ООУ „Невена Ѓеоргиева -Дуња“ го претставија нивното весело списание „Забавен свет“, кое содржи многу литературни прилози, игри, гатанки, крстозбори, интересни и корисни информации.
Драмскиот клуб и нивниот ментор – актерката Ангела Стојановска ни покажаа со кратко видео како вежбаат правилно да читаат драмски текст, како истински актери се подготвуваат за претстава и Ангела одговара на лавина детски прашања.
Проектот „Јана сонува“ ни го претставија неговите креатори – ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ и „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
Проект-книгата „Волшебен водопад“ на учениците од ОУ „Вера Јоциќ“ ја разбуди фантазијата на сите деца и возрасни.
Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ се претставија со авторска стихозбирка, дсо дел од песните на ученици, кои веќе биле наградени во Македонија и во странство.
За крај, менторот на Клубот на ликовни уметности и бодипејнт уметник Бојан Стојковски-Ковски ги покани сите учесници да излезат на сцената, а гостите да ја разгледаат изложбата со свои дела.
Во наредните недели ќе ги објавуваме делата на нашите учесници кои сè уште пристигнуваат на нашата е-мейл адреса, и на крајот ќе бидат собрани во е-брошура. Следете ја нашата страна www.bgschool.mk , како и Инстаграм и Фејсбук профили.
чекувајте ги задачите на струмичкиот литературно-новинарски клуб кој неуморно работи од 6 јуни. Нивни гости беа исклучителниот Киро Донев – писател за деца, Сузана Мицева – новинар, уредник и поетеса за деца и Ксенија Маказлиева Трајчева – уредник и писател за деца.
Нивните дела ќе бидат претставени на 22 јуни во Струмица, а од 2 до 4 јули во Охрид ќе се одржат нови работилници.
You must be logged in to post a comment.