fbpx

Музичко-драмски клуб со Теа Трајковска и Ангела Димитрова

Музичко-драмски клуб има нови ментори – Ангела Димитрова, актерка и Теа Трајковска, пејачка.

Ангела Димитрова е актерка која во последните неколку години игра во Театар за деца и младинци Скопје, но и во многу други независни проекти, телевизиски и филмски проекти. За учесниците во работилниците на Творилница Ангела е најпрепознатлива по улогите во “5 + Фамилија” и “Фамилијата Марковски”

Теа Трајковска е позната пејачка и текстописец која се одвојува на македонската музичка сцена со препознатлив глас и уникатен стил. Свири на клавир од дете, а првата песна ја напишала и испеала на 7 години за тогашниот национален избор за Детска Евровизија. 

Во почетната работилница на Музичко-драмски клуб учесниците беа поделени во две групи според нивната возраст и се запознаа со двете менторки. Децата споделија кои се нивните интереси и афинитети, што ги интересира и што сакаат да научат.

****

Вежби

Подготовка за претстава

Во работата на клубовите во рамките на проектот ТВОРИЛНИЦА, учениците и наставниците имаат можност да се запознат и да работат со професионални музичари, актери, новинари, ликовни уметници, уредници, писатели, илустратори, режисири, естрадни уметници, младински активисти, хуманитарци и спортисти. Проектот се заокружува со завршен јавен настан, на кој сите учесници ги презентираат сите сработени проекти во областа или областите кои што ги избрале, по сопствена идеја и концепт согласно нивните афинитети и таленти, што всушност претставува и крајна цел на проектот Творилница.