fbpx

Гостување во Телевизија ВИС-Струмица

На 12.05.2023 дел од учесниците во проектот Творилница,ученици од основните училишта од Струмица имаа можност да бидат гости во локалната телевизија ВИС-Струмица каде беа топло пречекани од тимот предводен од новинарката и уредничка Сузана Мицева која професионално им ја доближи и долови атмосферата во студиото,како изгледа сето тоа. Интересот кај учениците беше голем, поставуваа прашања, видоа со се што треба да биде опремено едно телевизиско студио и во една пријатна и опуштена атмосфера поминаа неколку часа дружење, музика и стекнување на нови знаења од новинарската област.