Во Литературниот клуб оваа година земаа учество ученици од повеќе основни училишта од цела Македонија под раководството на Ксенија Маказлиева Трајчева, писател за деца и одговорен уредник и Сузана Томовска, илустратор за деца и графичен уредник
Тема на овогодинешните работилници беше како се создава едно списание за деца и кои се професиите поврзани со процесот.
Учесниците се запознаа со сите фази на работа во издавачката дејност и со историјата на печатот за деца во Македонија. Менторите им дадоа задача да формират тимови, да направат редакции и да ги поделат улогите спoред дадените насоки на функционирање на една редакција. На крајот од презентацијата беше направена паралела на творештвото познатите македонски писатели Киро Донев и Видое Подгорец со творештвото и ликот на бугарскиот писател Петко Славејков.
Кратка презентација од менторите можете да погледате тука.
А дел од атмосферата на овие неколку дена можете да го доловите на фотографиите подолу.
Готовите проекти беа презентирани пред публиката на настанот во Културен центар Јадро-Скопје.
You must be logged in to post a comment.