fbpx

Творилница 2-Литературен клуб Струмица

Над 80 ученици и нивните ментори се вклучија во работилниците на Литературно-новинарскиот клуб во Струмица во соработка со Градска Библиотека Благој Јанков Мучето“.

Како модератор, ментор и организатор на литературно – новинраскиот клуб пред присутните наставници и ученици се претстави Ксенија Маказлиева Трајчева, писателка и уредничка на списанија и изданија за деца. Оваа подготвителна етапа ја започнаа ученици од ООУ ,,Видое Подгорецʻʻ – Колешино, под менторство на наставничката по македонски јазик, Марија Брндевска. ,,Вредните Мравчињаʻʻ се претставија пред нивните другарчиња и присутни наставници со драматизација на текст од Видое Подгорец ,,Мравја прикаскаʻʻ. Писателката и уредничка во ,,Просветно делоʻʻ, Ксенија Маказлиева Трајчева, на присутните им презентираше насоки за уредување на списание, им откри некои финеси од новинарско – уредничката дејност, за подоцна да ја повика новинарката и писателка за деца и возрасни, Сузана Мицева да прочита дел од стиховите, собрани во нејзината стихозбирка за деца ,,Насмеани стиховиʻʻ. Специјален гостин на работилницата беше познатиот писател за деца Киро Донев.

Пред самиот крај, Ксенија Маказлиева Трајчева, ги формираше работилниците и на секоја им додели тема – предизвик за изработка на проект – списание. Беа формирани осум работилници и тоа :

Работилница бр.1

Ментор : Верица Карагоцева

Училиште : ООУ ,,Видое Подгорецʻʻ – Струмица

Тема : Домашни животни

Работилница бр.2

Ментор : Јулијана Ѓеоргиева

Училиште : ООУ ,,Маршал Титоʻʻ – Струмица

Тема : Животот во село

Работилница бр.3

Ментор : Билјана Гунова

Училиште : ООУ ,,Никола Вапцаровʻʻ – Струмица

Тема : Град – село

Работилница бр.4

Ментор : Љупка Кљанкова

Училиште : ООУ ,,Сандо Масевʻʻ – Струмица

Тема : Настан за некое животно (хумористичен текст)

Работилница бр.5

Ментори : Ристо Обрадов, Ѓургица Костадиновска, Трајанка Колева

Училиште : ООУ ,,Маршал Титоʻʻ – Струмица

Тема : Комични текстови

Работилница бр.6

Ментор : Љопче Илиева

Училиште : ООУ ,,Никола Вапцаровʻʻ – Струмица

Тема 1 : Еден лик низ повеќе приказни

Тема 2 : Хумор

Работилница бр.7

Ментор : Луиза Малинова, Македонка Стоилова

Училиште : ООУ ,,Видое Подгорецʻʻ – Струмица

Тема : Спомен од учебната година

Работилница бр.8

Ментор : Марија Брндевска

Училиште : ООУ ,,Видое Подгорецʻʻ – Колешино

Тема : Волшебното царство на Подгорко

Наставниците и учениците за подготовка на нивниот проект : списание инспирирано од животот на село и во град имаа околу 15 дена. Координатор, кој им даваше насоки и упатства за изготвување на самите проекти на наставниците од Струмица и струмичко, беше наставничката по македонски јазик и литература, Марија Брндевска.

Фотографии од настанот можете да разгледате во галеријата подолу.

Помеѓу НВО „Здравеј“ како автор и организатор на проектот „Творилница“ и Градска Библиотека Благој Јанков Мучето“ беше потпишан меморандум за соработка во полето на културата и образованието.