Оваа година проектот „Творилница“ и Драмски клуб добија појачување во лицето на познатиот македонски оперски режисер Трајко Јордановски.
Трајко Јордановски има богато долгогодишно искуство како на македонската, така и на меѓународната сцена со многубројни оперски претстави и проекти.
Првиот час на Драмски клуб се одржа во Национална опера и балет. Како да се однесуваме на сцена како вистински актери, на што да внимаваме и што сè треба да знаеме за да можеме да настапиме во една претстава пред публика.
Потоа членовите на Драмски клуб имаа можност да се запознат со екипата на професионалисти кои подготвуваат една претстава, како актерите учаат текст и либрето и како режисерот ги припрема сите чекори во режисерската книга.
Во текот на часот учениците гостуваа на вежбите за претставата за деца “КУФЕРКО – светскиот патник од Македонија“.
Музичко-драмска работилница во Национална опера и балет со режисерот Трајко Јордановски и оперската пејачка Јаворка Витанова на 06.04.2023.
Работилница на 07.04.2023
Гостување во Македонски народен театар -13.04.2023
Проба со учениците на Соња Д.Богдановска (25.04.2023)
****
Во работата на клубовите во рамките на проектот ТВОРИЛНИЦА, учениците и наставниците имаат можност да се запознат и да работат со професионални музичари, актери, новинари, ликовни уметници, уредници, писатели, илустратори, режисири, естрадни уметници, младински активисти, хуманитарци и спортисти. Проектот се заокружува со завршен јавен настан, на кој сите учесници ги презентираат сите сработени проекти во областа или областите кои што ги избрале, по сопствена идеја и концепт согласно нивните афинитети и таленти, што всушност претставува и крајна цел на проектот Творилница.
You must be logged in to post a comment.