Оваа трета по ред година ликовниот клуб работи под насоките на проф. Александра Петрушевска Ристовска.
Александра е уметник и професор, автор на повеќе уметнички дела, изложени како во Македонија, така и во странство. Учествува во различни меѓународни проекти.
Истовремено со работилниците во Скопје преку видео конекција се вклучуваа и ученици од неколку градови низ Македонија.
Темите на Творилница 3 беа обработувани преку карикатури, стрипови, калиграфија, како и со посета на изложбата „На работ на зборовите“ во резиденцијата на Европската Унија.
Учениците од ОУ Кочо Рацин и нивните стрипови:
Посета на изложбата „На работ на зборовите“ во резиденцијата на Европската Унија
You must be logged in to post a comment.