fbpx

Творилница и учениците од ОУ Даме Груев-Битола гостуваат на Читај.бе

Целата статија на екипата на citaj.be можете да ја прочитате тука.

Како дел од проектот „ТВОРИЛНИЦА“, во ОУ „Даме Груев“ Битола се одржа втората работилница со талентирани ученици од седмо, осмо и деветто одделение од ова училиште под менторство на наставничката по физика, Валентина Степановска – Андоновска, координатор на проектот во Битола, заедно со Ленче Богоевска, наставник по македонски јазик, Весна Дунимаглоска, наставник по ликовно образование и Елена Богоевска наставник по англиски јазик.

Работилницата ја држеше Маја Богоевска, новинар со 20-годишно медиумско искуство, уредник на порталот Читај бе, додека практичниот дел го водеше Саше Богоевски, снимател, фотограф и монтажер со тридецениско искуство и основач на Читај бе.

https://citaj.be/timot-na-citaj-be-so-rabotilnica-za-novinarstvoto-za-ucenicite-od-dame-gruev/