fbpx

Работилница за создавање на игри

Тимот на проектот „Творилница“ подготви изненада за учесниците.

На 20 април ни гостуваа Шупи гејмс – Андреја Поповиќ и Мартин Антовски. Скоро три часа поминаа исклучително брзо за сите учесници во работилницата.

По запознавањето со теоријата на дизајнот на игри – што значи и што вклучува, како и неколку почетни вежби, учесниците се поделија во групи и работеа во осмислување на идеи и разработка на сопствена игра.

За менторите:

Мартин, или во Интернет светот познат како Хелион, исто така на надимак “софтверски сунѓер” е човек со широки познавања од многу сфери. Дипломиран програмер, професионалец во Конструкт 2, Дрон пилот и мајстор во Афтер ефектс и Аудасити, Мартин може да изработи прфесионални видеа, да искуца професионален код и сето тоа да го прави брзо. Со над 10 години искуство во своето поле, Мартин е технички менаџер во Креативен тим на неговото дневно работно место, додека навечер се претвора во супер херој кој изработува игри со неговиот пријател од детство Андреја.

Андреја, или во Интернет светот познат како Шуплор иако е магистер по Маркетинг, веднаш после студиите оди на Академија за Гејм Дизајн во Seavus каде како првак на генерацијата продолжува своето слободно време да го посветува на изработка на игри со другарот од детство Мартин. Заедно со Мартин и Бојан Филиповски го формира независниот тим за изработка на игри “ Шупи Гејмс” со кој на локалните Гејм Џем настани имаат освоено награди на скоро сите 11 натпревари на светско ниво. Андреја исто така е мајстор за Storyline софтверот за Е-Учење и е лиценциран Google UI/UX дизајнер. Љубовта кон игрите го носи и кон изучување на кинематографија, дигитално цртање и 2Д анимирање за кои држи приватни часови. Андреја е креативен директор во Кративен тим на неговото дневно работно место, додека навечер се претвора во супер херој кој изработува игра со неговиот пријател од детство Мартин.