fbpx

Творилница 2 во Охрид

Оваа година гостувавме и во Охрид!

Во Детското одморалиште „Радости“ во Охрид. како дел од креативниот камп кој беше организиран од ЗГ „Невена за тебе, за мене за нас“ од Радовиш со координатор Гордана Здравкоска со поддршка на ПРОСВЕТНО ДЕЛО, проектот ТВОРИЛНИЦА на 1 јули ги одржа работилниците от Литературно-новинарскиот клуб, Ликовниот клуб и Музичкиот клуб, а во текот на наредниот ден децата се забавуваа и со многу спортски активности и игри.

Литературно-новинарскиот клуб заедно со писателката за деца Весела Весе Богдановиќ обработуваа различни теми меѓу кои беше и Книга на тајните.

Ликовниот клуб работеше на две споредни локации. Цртање со Ване Ѓорговски и создавање на логотип со Анастасија Петрова-Мушовска.

Ѕвездите на секоја журка се знае кои се – музичарите. Нашиот музички педагог Стефана Марковиќ и дечките од Музичкиот клуб за неколку часа ја напишаа нивната песна.

До касна вечер деца и наставници се забавуваа и насекаде низ кампот се слушаа смеа и песни. За пореден пат ние, како организатори, бевме пресреќни што има толку многу талентирани прекрасни деца кои имаат идеи и се радуваат на нивната реализација,

Целата галерија можете да ја разгледате на линкот овде.