fbpx

Творилница 3 – почеток на новите работилници

Проектот „Творилница“ трета година по ред обединува ученици, наставници, педагози и специјалисти од различни области во креативни, интерактивни и забавни работилници каде што можат да споделат знаења и вештини.

Творилница

Проектот „Творилница“ е предлогот на Академија „Здравеј“, Скопје преку уметнички и занаетчиски работилници да се развиваат креативните вештини на децата и млади од 7 до 18 години по примерот на културните центри во Бугарија.

Творилница“ е финансиран од Бугарска помош за развој, обезбедена од Министерство за надворешни работи на Република Бугарија.

Истиот го спроведува невладиното здружение на граѓани „Здравеј“, раководено од г-ѓа Илијана Атанасова – автор и носител на проектот, во периодот декември 2022-декември 2023 година.

Проектот на „Здравеј“ беше поттикнат од бројните примери на млади таленти од Бугарија и РС Македонија и нивните достигнувања во странство. Богатата културна разновидност и традиции во РС Македонија даваат прекрасна можност за примена на најдобрите европски практики во развојот на креативните и музичките способности на децата.

Распоредот на работилниците можете да го следите тука

Во теоретскиот дел од обуката се вклучени информативни блокови за запознавање на децата со различните модули и предвидените теми. Организирани се предавања на различни теми и за наставниците и воспитно-образовните работници кои учествуваат во проектот.

Оваа година планираните теми се:

МОЕТО УЧИЛИШТЕ ВО 21 ВЕК, НАСТАВНИК И УЧЕНИК… – што е тоа, какви сме и што сакаме да бидеме во креирањето на нашата сопствена визија за дом од соништата

ЧИТАЊЕ – КОЛКУ САКАМЕ ДА ЧИТАМЕ? ЗОШТО? ПЕЧАТЕНИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗДАНИЕ? – Како читањето влијае на нашето размислување? Какви емоции предизвикува кај нас? Како да изберете книга? Кои критериуми треба да ги следиме при изборот? Навиките за посета на библиотеки и колку се тие важни за младите и општо општеството – проф.д-р Ана Витанова Рингачева, м-р Маја Трајковиќ, со интерактивни работилници за деца и наставници

ИЛУСТРАЦИЈА И ИЗДАВАЊЕ – Стрип илустрација, проф. Александра Петрушевска Ристовска – уметник и универзитетски професор, како и добитник на бројни меѓународни награди

ЕКОЛОГИЈА – БИЛЕТ ЗА ИДНИНАТА

ЉУБОВТА КАКО УНИВЕРЗАЛЕН ПОИМ И ВРЕДНОСТ НА ЧОВЕСТВОТО

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК – Влијанието врз децата и младите, влијанието врз општеството во целина

НАСИЛСТВО И БУЛИНГ – онлајн предавање на м-р Маја Гергиева Павловски, семеен советник

МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ – ЧЕКОР НАПРЕД ВО ПОЗИТИВНИТЕ СОЦИЈАЛНИ ПРОМЕНИ – Билјана Костадинова и Мила Трајчева, општествени активисти

МОДАТА КАКО НАЧИН НА ЖИВОТ – брендови и брендирана облека – предизвик, потреба или желба да се препознае и претставува социјалниот статус

Во практичниот дел се нуди систем на групни и индивидуални работилници за работа и стимулирање на способностите и интересите на децата. Се организираат работилници на кои учество земаат специјалисти од дадените области. Вклучени се вежби за испробување на различни видови уметност, поттикнување искуство преку игра и забава, работа во постоечките клубови, создавање нови клубови и поддршка на индувидуални учесници.

Во обработката на сите овие теми можат да користат различни пристапи во реализацијата на финалниот проект – стрип, драмски текст, есеј, поезија, проза, драматизација, музичко дело, сликарство, новинарски текст, колумна, интервју, телевизија или радио вести, подкаст, итн. како учесниците да испратат порака со репродукција на познати дела од литературата, музиката и уметноста.

Пријавувањето за учество во активностите во рамките на проектот „Творилница“ се врши преку емаил адреса: proekti@bgschool.mk. На истата електронска адреса можете да ги поставите вашите прашања поврзани со активностите што се спроведуваат во рамките на проектот.

Следете нè на Фејсбук и Инстаграм!